Дуња Иванова, член на велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје е годинешниот државен првак со освоени три први места на Државното друмско-ридско првенство, Државното друмско – хронометар првенство и Државното првенство во планински велосипедизам.
Сите три шампионати беа во организација на Велосипедската федерација на Македонија.
Титулата ,,државен првак“ претставува највисокото признание во домашните натпреварувања во текот на една календарска година.