петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Два сребрени медали за македонските каратисти во Турција (ФОТО)

Два сребрени медали за македонските каратисти во Турција (ФОТО)

Македонските каратисти Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ се закитија со сребрени медали на Светското Првенство во Коња, Турција.

Трајковски кој се натпреварува во категоријата до 84 кг во финалето настапи против Италианецот Фиоре Матео, додека Стојановиќ во категорија над 84кг со репрезентативецот на Саудиска Арабија, Суфјани Санад.

Ова е досега најдобриот резултат во категорија У21 и воопшто на Светските првенства каде што настапила Македонија.

Со двата сребрени медали нашите каратисти ја освоија 20 позиција од вкупно 1800 натпреварувачи од 105 земји од целиот свет.