Дуња Иванова и Љубиша Кондев од велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје се македонските претставници кои заедно со уште 34 тимови од целиот свет во категоријата ,,мешани парови” ќе се натпреваруваат на престижната маунтинбајк етапна трка во Хрватска.
Од 19 до 23 април, велосипедските екипи во пет последователни денови ќе ги спротивстават силите на „немилосрдните“ патеки на островите Крк, Раб, Црес и Лошињ изминувајќи должина од вкупно 272 километри со 5.890 метри висинско искачување.
Етапната трка ,,4 Острови” за прв пат оваа година е под називот на серијата натпревари ,,Епик” кој претставува премиум бренд во организација на маунтинбајк натпревари на светско ниво. (МИА)