Само два дена по несреќата во Хрватска, каде што загина Ирецот Крег Брин, доаѓаат нови тажни вести од Шпанија.
На релито Вила де Тинео загинаа возачот Хули Цезар Кастрилјо и неговиот колега Франциско Хавиер Алварез, откако со возилото „Цитроен ДС3 Н5“ излетале од патот и удриле во дрво.
По незгодата пораки пристигнаа и од легендарните возачи Фернандо Алонсо и Карлос Саинц.