Австралиецот Џек Милер славеше на 17-тата трка во Мото ГП шампионатот што се возеше за Големата награда на Јапонија.
Возачот на Дукати иако стартуваше од седмата позиција успеа да се пробие до првото место и го запиша првото славје сезонава. Место на подиумот изборија и Бред Биндер и Хорхе Мартин, додека Марк Маркез кој започна од пол-позицијата заврши како четвртопласиран.
Водечкиот тандем во генералниот пласман, Фабио Квартараро и Франческо Бањаја имаа лош настап. Французинот го освои осмото место, додека Италијанецот излета во последниот круг и остана без бодови.
До крајот на сезоната остануваат уште четири трки, а следната ќе се вози во Тајлан