Возачот на „Дукати“, Џек Милер триумфираше на денешната трка од Мото ГП шампионатот за Големата награда на Шпанија.
Австралиецот во Херез дојде до првата победа после скоро пет години, втора во најсилната класа, а вкупно осма во својата кариера.
Второто место го освои неговиот тимски колега Франческо Бањаја, додека трет беше Франко Морбидели од „Јамаха“.
Иако ја освои пол позицијата во квалификациите на крајот Фабио Квартараро од „Јамаха“ поради проблеми со пневматиците на крајот трката ја завршу дури на 13 место.
Во генералниот пласман води Бањаја со 66 бодови, втор е Квартараро (64), а трет Маверик Вињалес кој има 50. Следната трка ќе се вози на 16 мај за ГН Франција во Ле Ман.