вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Еден од најголемите шпански тореадори објави повлекување

Еден од најголемите шпански тореадори објави повлекување

Еден од најголемите шпански тореадори Хулиан Лопез Ескобар, попознат како „Ел Хули“, објави на 41-годипна возраст дека прекинува со борбите со бикови на крајот на сезоната.

„Дваесет и пет години откако станав тореадор, ве известувам за својата одлука да престанам со борбите со бикови на крајот на сезоната“, објави Ескобар на социјалните мрежи.

„Ова не е пензионирање, ова е крај на една величествена етапа во тешката професија“, порача познатиот шпански тореадор, додавајќи оти сака повеќе да му се посвети на семејствата и на други активности во животот.

На почетоците на неговата кариера, поради младоста, не му беше дозволено да се натпреварува во главните арени во Шпанија, поради што на 15-годишна возраст замина за Мексико каде стекнуваше тореадорско искуство. Со 15 години стана најмлад професионален тореадор, а две години подоцна стана и најплатен.

Во текот на својата две и пол децениска кариера беше повреден дури 18 пати по борбите со бикови, а неколку пати беше и сериозно избоден.  (МИА)