Најдобрата македонска пливачка, Миа Еминова-Блажевска имаше одличен настап на трката на 100 метри грбно на Светското првенство во пливање кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Таа денеска настапи во втората квалификациска трка го освои третото место со време од 1:04.11 минута, што беше за 30 стоти делови од секундата подобро од нејзиниот досегашен рекорд на 100 грбно.
Ова време беше доволно за освојување на 30 место во квалификациите од вкупно 43 пријавени пливачки во оваа конкуренција.