четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Енди Мареј се повлече од тенискиот турнир во сингл

Енди Мареј се повлече од тенискиот турнир во сингл

Двојниот олимписки шампион во тенис, Енди Мареј се повлече од настапите во сингл на Летните Олимписки Игри, но ќе остане да игра само во машки двојки.

Мареј, кој беше дел од големата тениска четворка, поради проблеми со повредите и со колкот веќе неколку години не е дел од тениската елита, па после препорака на неговиот лекарски тим се решил да се откаже од мечевите во сингл.

„Навистина сум разочаран што морам да се повлечам, но лекарскиот тим ме советуваше дека не треба да играм во двете конкуренции, сингл и дубл, па донесов тешка одлука да се повлечам од сингл и со тоа да фокусирам само на мечевите во дубл со мојот партнер Џо Салсбери“, објави Мареј.

Тој е олимписки шампион од Лондон во 2012 и од Рио де Жанеиро во 2016 година.