Ешли Барти со 2-1 во финалето ја победи Плишкова и за првпат во својата кариера триумфираше на Вимблдон, за неа ова е втор грен-слем турнир.
Австралијанката Ешли Барти е новата шампионка на Вимблдон откако денеска во финалето беше подобра Каролина Плишкова.
Барти одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-3, во вториот Плишкова беше подобра по тај-брејк кој го доби со 7-4.
Во третиот решавачки сет, Барти повторно беше подобра со 6-3 и на крајот заслужено се израдува на големиот трофеј.