Најдобрата светска тенисерка Ешли Барти победи на мастерс-турнирот во Синсинати во женска конкуренција..
Австралијката во мечот за титула очекувано беше подобра од швајцарската колешка Џил Тајхман, која ја совлада со 6-3, 6-1.
Работата Барти си ја заврши за 71 минути. Тајхман парираше само во првиот сет.
Барти се искачи на првото место во 2019 година и оттогаш е на лидерската позиција на ВТА-листата.