Ова попладне во Охрид се одржа 44-то издание на традиционалниот Илинденски маратон, а натпреварувачките за цел имаа да препливаат 2,5 километри од плажата Горица до пристаништето во Охрид.
Овогодинешното издание беше богато со 50 учесници од неколку земји, па тоа донесе и огромна возбуда која траеше до последниот метар од трката.
Во фото-финиш, Евгениј Поп Ацев успеа да биде за неколку стотинки побрз од Никола Ѓуретановиќ, па така неговото конечно време гласеше 28:02.71 минути, а она на ривалот 29:02.98 минути.
Поп Ацев на овој начин покажа дека е максимално конкурентен и во ситуација кога имаше одредени проблеми во изминативе две години, а покрај него и Ѓуретановиќ, на пиедесталот имаше место и за Кристијан Стојановски кој доцнеше 20-тина секунди.
Во женска конкуренција победи Ивана Неделковска со време 31:33.80 минути, пред Јована Неделковска (33:07.11) и Росана Гошева (37:59:32).