Актуелниот светски првак во мотоциклизам во класата МотоГП, Французинот фабио Квартараро, го продолжи договорот со јамаха до 2024 година, објави синиќа јапонската екипа.
Кварарао дојде лани во јамаха на местото на легендарниот Италијанец Валентино Роси и во својата прва сезона ја освои шампионската титула.
Французинот води и во оваа сезона, и по осум трки има 122 бодови, осум повеќе од Шпанецот Алеикс Еспаргара (Асприља).
– Навистина сум среќен што можам пред сите вас да најавам дека ќе останам со јамаха уште две години. Јамаха веруваше во мене од самиот почеток и тоа е нешто што многу ми значи, изјави 23-годишниот француски мотоциклист.