Новак Ѓоковиќ со освоениот трофеј на УС Опен, на еден начин ја затвори дилемата за тоа кој е најдобриот тенисер на светот во историјата. Ноле во Њујорк го прослави 24 Грен слем трофеј и со тоа го подобри својот рекорд кога во прашање се најдобрите АТП турнири, но сè уште се наоѓаат причини за да го минимизираат неговиот успех. Дека некои сè уште се обидуваат, покажува и последниот потег и фиктивната награда за Роџер Федерер.
Организаторите на турнирот во Шангај решија новото признание кое се нарекува „Икона на спортот“ прво да му го доделат на Швајцарецот. Ништо од тоа не би било толку чудно доколку Србинот четири пати не го освоил турнирот во овој град, им зборувал и на кинески и на тој начин покажал голема почит кон културата и кон сите. Федерер двапати беше најдобар (во 2014 и 2017 година, кога Новак не учествуваше).
Директорот на турнирот Мајкл Луевано ќе му ја врачи наградата.
„Врз основа на нашето долгогодишно пријателство со Роџер и неговиот „Тим 8“ и менаџерската компанија, веруваме дека тој е повеќе од спортист за овој град, затоа го воспоставивме ова прво меѓународно признание што ќе му го доделиме“, рече Луевано.
Турнирот во Шангај има Мастерс статус и се одржува од 2009 година.