четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Федерер доби џек-пот, анонимен противник во четвртфиналето на Вимблдон

Федерер доби џек-пот, анонимен противник во четвртфиналето на Вимблдон

Хуберт Хуркач е големо изненадување на Вимблдон, по два дена борба го победи Данил Медведев кој важеше за апсолутен фаворит а на неофицијалното светско првенство беше втор фаворит.

Полјакот победи со 3-2, по 3 часа и 17 минути игра и меч кој се играше два дена а беше прекинат вчера поради дожд.

Хуркач во четвртфиналето се среќава со Роже Федерер, за него ова е прво четвртфинале на големите турнири и ќе игра против еден од најдобрите на сите времиња.

„Очекувам да биде забавно и да имам барем мала поддршка од трибините, ќе се подготвам со мојот тренер, ќе направиме тактика, ќе видиме дали е тоа доволно“ – изјави Хуркач.