Поранешниот број еден во светот на тенисот и освојувач на 20 Грен слем титули, Роџер Федерер и неговото семејство ќе донираат половина милион долари за жртвите од војната во Украина.
Швајцарецот беше последниот од таканаречената голема тројка (заедно со Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ), кој не се изјасни против руските напади на европска територија. Надал во неколку наврати изјави дека сака мир, а Ѓоковиќ се понуди да му помогне на еден од украинските тенисери кои се пријавија во војска – Серхиј Стаховски.
Федерер ќе обезбеди средства преку својата фондација, а тие ќе одат да го поддржат враќањето на децата на училиште.