петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Федерер елиминиран во четвртфиналето на Вимблдон

Федерер елиминиран во четвртфиналето на Вимблдон

Полскиот тенисер Хурберт Хуркач се пласираше вечерва во полуфиналето на Вимблдон, совладувајќи го Швајцарецот Роџер Федерер со 6:3, 7:6, 6:0.

Откако во осминафиналето го совлада Русинот Данил Медведев, 18. рангираниот светски тенисер денеска беше поуспешен и од осумкратниот освојувач на Вимблдон, елиминирајќи го легендарниот Швајцарец по само еден час и 50 минути тенис.

Победата над Федерер на 24-годишниот Хуркач му донесе прво грен-слем полуфинале во кариерата, а воедно стана само вториот Полјак на кого тоа му успеало по Јержи Јановиц.