Роџер Федерер, 20-кратен Гренд-слем шампион, би можел да се врати во тенис во јули на егзибициски турнир на трева во Берлин.
Во моментов се планира германската престолнина да биде домаќин на два тридневни настани со шест мажи и шест жени – првиот на трева на стадионот „Штефи Граф“ и вториот на тврди терени во авионски хангар.
Двата турнири ќе понудат награден фонд од 200 000 долари. Меѓу мажите кои се пријавиле за учество се веќе Доминик Тим, Александар Зверев, Ник Кириос, Јаник Синер и на нив ќе им се придружат уште двајца играчи.
– Секако дека ќе го прашаме и Роџер Федерер, рече организаторот Едвин Вајндорфер.
Федерер не играл конкурентен тенис откако беше подложен на операција на коленото по Австралија опен во јануари. Тој требаше да се врати на сезоната на трева пред коронавирусот да го запре тенисот.
Во Европа се планирани најмалку десетина турнири во затворено, додека спортот останува суспендиран до крајот на јули.
Германката Анџелик Кербер исто доби покана за влез во женскиот турнир, во која веќе влегуваат Елина Свитолина, Кики Бертенс, Јулија Гергес и Андреа Петковиќ.