Носителот на 20 Гренд слем титули и светски број 2, Роџер Федерер ќе се врати на теренот во јуни месец за тенискиот турнир од сериите АТП 250 во Штутгарт.
Како што е познато, „Маестро“ од Базел повторно ќе ја пропушти целата сезона на земја, а потоа ќе го стори истото како и минатата година – ќе се врати во Штутгарт и ќе одигра уште еден турнир за „загревање“ пред „Вимблдон“.
Турнирот во Штутгарт ќе се одржи меѓу 11 и 17 јуни, а следниот за Федерер ќе биде оној во Хале (АТП 500) помеѓу 18-ти и 24-ти истиот месец, каде што минатата година швајцарскиот ас го декласираше Александар Зверев со 6:1, 6:3 во финалето. Во Штутгарт во 2017 година, Федерер изгуби од Томи Хас во својот прв натпревар.
Во овој турнир се очекува да настапат и други топ тенисери како Димитров, Кириос, Монфис итн.