недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Федерер конечно одговори на прашањето: Дали Новак е најдобар на сите времиња?

Федерер конечно одговори на прашањето: Дали Новак е најдобар на сите времиња?

Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер доби специјална награда на турнирот во Хале, каде 10 пати беше шампион.

Специјална церемонија за Федерер беше одржана по мечот меѓу Данило Медведев и Ласло Жиере, а Швајцарецот беше поздравен со овации.

По церемонијата, Федерер беше прашан дали српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е ГОАТ (најдобриот тенисер на сите времиња).

-Тешко е да се одреди. Тоа е дебата во која нема јасен одговор. Еднаш прашав пријател: „Што е потешко, да го освоиш Вимблдон на 17 години како Борис Бекер или да го освоиш Ролан Гарос на 36 години како Новак?“ Не знам“, рече Федерер.

Тој накратко го коментираше најголемиот успех на Новак и рекордната 23. Гренд слем титула на Ролан Гарос.

„Неверојатно. Она што го постигна е нешто огромно“, изјави Федерер.