Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер и официјално се враќа на тениските терени и ќе игра на турнирот во Доха.
Тенисерот имаше операција на коленото и неколку пати го одложи враќањето. Но, сега е меѓу учесниците на турнирот во Доха каде најголема конкуренција ќе му биде Доминик Тием, кој е прв носител на турнирот.
Турнирот ќе стартува на 8 март, а интересно, на овој ден е предивдено Новак Ѓоковиќ да го урне рекордот по бројот на седмици поминати на првото место на АТП-листата.