Се зборуваше многу за тоа дали вакцинацијата треба да биде услов за учество на турнирите кај тенисерите, но АТП и ВТА оставија таа одлука да ја донесат тенисерите по нивна желба.
Еден од најдобрите на сите времиња Рожер Федерер одлучи да се вакцинира.
„Да, се вакцинирав. Ја примив вакцината Фајзер и среќен сум што ја имав таа можност поради сите патување кои ги имам во текот на годината. Пред се тоа го направив за луѓето колу себе. Не би сакал никого да заразам, секогаш мора да бидеме вниматалени“. – изјави Швајцарецот