Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер нема да настапи на претстојниот Астралија Опен, но според швајцарските медиуми треба да се врати во март на тениските терени.
Роџер Федерер веќе една година не игра поради проблеми со коленото, а според информациите од оваа земја тој ќе се врати на турнирот во Доха кој ќе се одржи во периодот од 8 до 13 март. .
На Федерер во 2021 година главни цели ќе му бидат Вимблдон, Олимписките игри во Токио и УСА Опен.