Тенискиот Мастерс во Рим оваа сезона ќе се одигра без швајцарскиот тенисер Роџер Федерер. Швајцарскиот тенисер одлучи да ја прескокне италијанската престолнина и ќе ја започне сезоната на земја во Мадрид.
39-годишникот нема да се појави ниту во Монте Карло. Ваквите одлуки се очекувани, со оглед на тешката повреда од која се врати големиот шампион, па неговиот распоред се состои од турнири закажани на неколку недели и месеци.
Натпреварите во Рим започнуваат на 9 мај, а титулата ќе ја брани Новак Ѓоковиќ кој минатата година во финалето го победи Диего Шварцман.