Дваесеткратниот грен слем шампион Роџер Федерер одговори на прашањето дали некој може да ги надмине рекордите што тој, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ги поставија во последните години.
– Мислам дека да. Не сакам да ги омаловажувам заслугите на Рафа, Новак и моите, но сега е полесно да доминирате на различни површини. Претходно, разликата меѓу тенисерите беше поголема и имаше специјалисти за тврда подлога и за земјена. Немаше многу играчи што можеа да играат насекаде. Сепак, верувам дека во иднина ќе се појави некој неверојатен играч кој ќе освои повеќе од 20 Гренн слема, изјави Федерер.
Тој изминатиот период отсуствуваше од терените поради повреда на коленото.
Во медиумите веќе се шпекулира дека Швајцарецот во скоро време ќе стави крај на богатата кариера.