сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Федерер за прв пат по 23 години нема да игра на Вимблдон

Федерер за прв пат по 23 години нема да игра на Вимблдон

Овогодинешното издание на Вимблдон ќе помине без тенисерот кој е најтрофеен на овој турнир со осум трофеи, Рожер Федерер.

Швајцарецот за прв пат по 23 години нема да настапи на омилениот тениски турнир, а причина за тоа е бидејќи се опоравува од операцијата на коленото. Неговиот кам-бек на терените се очекува да биде во септември.

Имено, Федерер првиот настап на Вимблдон го имаше во 1999 година, а неговиот агент Тони Годски неодамна изјави дека Швајцарецот би сакал уште еднаш да заигра на омилениот турнир пред да се пензионира. Поради повреда нема да настапи ниту Кеи Нишикори, додека на руските и белоруските тенисери им е забранет настапот и поради тоа нема да играат Медведев, Рубљов, Хачанов, Карацев.