среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Фелпс: По пензионирањето спортистите заслужуваат поголема поддршка

Фелпс: По пензионирањето спортистите заслужуваат поголема поддршка

Легендарниот американски пливач Мајкл Фелпс истакна дека треба да се зголеми поддршката на поранешните врвни спортисти.

Фелпс во јануари изјави дека по повлекувањето минувал низ тежок период на депресија и дека дури и размислувал за самоубиство.

– Сакам да истакнам дека не им се пружа доволно помош на спортистите кои се пензионираат. Кога ќе завршиме со натпреварувањата на извесен начин остануваме заборавени и се појавуваат нови имиња, истакна 33-годишниот пливач.

Тој е рекордер со 23 освоени олимписки злата, а се натпреваруваше во Сиднеј, Атина, Пекинг, Лондон и Рио де Жанеиро.

– Спортистите заслужуваат поддршка додека се натпреваруваат, но и после тоа. Се надевам дека во иднина ќе имаат поголема поддршка и ќе можат повеќе да уживаат, наведе американскиот олимпиец.

Фелпс по Олимписките игри во Рио пред две години се повлече од натпреварувањата, а потенцира дека најголемата стабилност во животот ја добива од семејството – сопругата Никол и двете деца.