Кими Раиконен вчера можеше ја комплетира радоста на својот тим по победата на Себастијан Фетел, качувајќи се на подиумот, но финскиот возач на Ферари ја пропушти таа можност.
Бурно беше во боксот на Ферари при една голема грешка во промената на гумите на Финецот, грешка која него го чинеше крај на втората трка од Формула 1 шампионатот оваа година, но и сериозна повреда за еден од механичарите на Ферари.
Ферари објави дека механичарот Франческо добил фрактура на ногата, а Раиконен рече дека не е виновен за инцидентот.
-Тргнав кога го видов зеленото светло, изјави возачот.
Победник на трката во Бахреин беше Фетел, а второто и третото место ги освоија возачите на Мерцедес, Ботас и Хамилтон.
Ладнокрвниот Финец на средината на трката некаде влезе во пит- стоп, каде не забележа дека не му е наместена левата задна гума, а бидејќи тргна порано од она што треба тој прегази еден од механичарите на својот тим.
Механичарот на носилки мораше да биде однесен во блиската болница, додека Раиконен не можеше да продолжи со трката и болидот го остави во гаражата.
Погледнете што се случи во Бахраин:
Kimi Raikkonen ran over one of his crew members leaving the pits. It’s kinda gnarly, so click at your own risk. pic.twitter.com/3rqFSPgN4Y
— Nick Bromberg (@NickBromberg) April 8, 2018