недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ферари поднесе жалба до ФИА

Ферари поднесе жалба до ФИА

Директорот на Ферари, Фредерик Васер, изјави дека италијанскиот тим поднел жалба до Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) поради казната од пет секунди што му беше доделена на нивниот возач Карлос Саинц на трката во Австралија, во рамки на Формула 1.

Саинц беше казнет по инцидентот со возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо (на два круга пред крајот), поради што наместо четврти, ја заврши трката без бодови, на 12. место.

  • Саинц беше очаен во неделата, поднесовме барање да се разгледа одлуката – истакна Васер.