сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ферари се пожали за казната на Ред Бул

Ферари се пожали за казната на Ред Бул

Директорот на Ферари, Фредерик Васер, вели дека добриот почеток на сезоната на Ред Бул покажува дека казната што ја доби тимот за прекршување на буџетските ограничувања била премногу блага.

Откако призна дека го прекршил буџетот од 145 милиони долари за 2,2 милиони долари, тимот на Ред Бул во октомври беше казнет со седум милиони долари и со 10 отсто помалку време на аеродинамичко тестирање во период од една година.

Таа казна имаше мал ефект, бидејќи Ред Бул доминира на почетокот на новата сезона, победувајќи на првите три трки, од кои на две неговите возачи ги зазедоа првите две места.

Актуелниот шампион на Ред Бул, Макс Верстапен победи на трките оваа сезона во Бахреин и Австралија, а неговиот тимски колега Серхио Перез во Саудиска Арабија.

За брзината и темпото на Ред Бул се покажа и тоа што на Верстапен му требаше само половина од трката за од 15. место да стигна на второто место во Саудиска Арабија.

Од друга страна, Ферари имаше разочарувачки старт на сезоната и освои само 26 бода на три трки, а воедно имаше и две откажувања на Шарл Леклер поради проблеми со моротор.

Не сакам да кажам дека не завршија добро, затоа што многу добро ја завршија работата со болидот. Воопшто не се обидувам да барам оправдување, но ако ме прашате дали казната е премногу мала, ќе кажам дека е. Не сум сигурен дека казната има мега ефект, но и ако сметате дека имате предност на почетокот на сезоната затоа што потрошивте повеќе претходната година, додаде Васер.