вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Фернандо Алонсо подложен на допинг тест

Фернандо Алонсо подложен на допинг тест

Фернандо Алонсо денеска го посетиле претставници на ВАДА (Светска антидопинг агенција), кои му земале примерок од крв и урина.

Испекторите на Агенцијата кај Алонсо пристигнале околу шест часот наутро.

Возачот на Мекларен, кој оваа седмица има тест возења во Арагон со тимот на Тојота од Светската серија, објави фотографија на својот Инстаграм профил и се пошегува од неочекуваната посета.

Според правилата на ВАДА, допинг-тестерите можат да се појават без предупредување во домот или во хотелот кај одреден спортист. Од друга страна спортистите се обврзани секојдневно да и ја соопштуваат својата местоположба на Агенцијата