Актуелниот светски шампион Холанѓанецот Макс Ферстапен победи на Монца, во 14. трка од Светскиот шампионат во Формула 1. Холанѓанецот ја постигна 47. победа во кариерата, 12. оваа сезона и рекордна десетта по ред.
Ферстапен со тоа стана првиот возач во 73-годишната историја на Ф1 кој десетпати по ред се најде на највисокиот подиум. Минатата недела го израмни рекордот на Себастијан Фетел од девет победи од 2013 година, а сега отиде чекор понатаму.
„Не верував дека се можни 10 победи по ред“, изјави со насмевка Верстапен.
„Беше многу тешко да се доближам и да влезам во свиокот 1, морав да го натерам Саинц да направи грешка. Се обидов да останам трпелив, тоа е долга трка и требаше само да го изберам мојот момент“, додаде тој.
„Браво пријателе, ти си сам, тоа е историја“, му рекол тимскиот шеф Кристијан Хорнер на Ферстапен преку радиото откако ја мина целта.