Актуелниот Ф1 шампион, Макс Ферстапен продолжи да доминира на трките во најпрестижниот шампионат со тоа што најновиот триумф дојде на домашен терен за Големата награда на Холандија.
Ова за Холанѓанецот беше четврти триумф во низа, вкупно десетти на 15. трка во оваа сезона со што направи дополнителен исчекор кон одбрана на тронот во ова натпреварување. Доста интересно беше на патеката Зандворт, а на крајот најдоро се снајде токму Макс кој се најде на највисокото место на пиедесталот пред Џорџ Расел од Мерцедес и асот на Ферари, Шарл Леклер.
Бодови освоија уште Луис Хамилтон, Серхио Перез, Фернандо Алонсо, Ландо Норис, Карлос Саинц, Естебан Окон и Ленс Строл.