Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) го суспендираше рускиот велемајстор Сергеј Карјакин (32) поради неговата поддршка на инвазијата на Русија на Украина.
Карјакин, кој пред шест месеци загуби во борбата за светската титула против актуелниот првак Норвежанецот Магнус Карлсен, е суспендиран откако на социјалните мрежи ги бранеше постапките на својата земја, предизвикувајќи жестоки критики во светот на шахот.
– Сергеј Карјакин е прогласен за виновен за кршење на членот 2.2.10 од Етичкиот кодекс на ФИДЕ и санкциониран со забрана за настап од шест месеци на кое било шаховско натпреварување со ФИДЕ рејтинг, се наведува во одлуката.
Карјакин, кој е роден во Крим, настапуваше за Украина до 2009 година, а оттогаш настапува под руско знаме и гласно го поддржува рускиот претседател Владимир Путин. (МИА)