вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Финалето на Дијамантската лига наизменично во Брисел и Цирих

Финалето на Дијамантската лига наизменично во Брисел и Цирих

Финалето на атлетската Дијамантска лига во 2024 година наизменично ќе се одржува во Брисел и Цирих, објави денеска Меѓународната атлетска федерација (World Athletics).

Согласно одлуката, дводневното финале на Дијамантската лига во 2024 и 2026 година ќе се одржи во Брисел, додека Цирих ќе биде домаќин на изданието во 2025 и 2027 година.

Годинешното финале е на програмата на 7 и 8 септември во Цирих, а во 2023 година во Јуџин, САД. Тоа ќе биде прво финале на атлетската дијамантска лига што ќе се одржи надвор од Европа.  (МИА)