понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Формула 1 го објави термините на сите трки во 2023 година

Формула 1 го објави термините на сите трки во 2023 година

Организаторите на Светскиот шампионат во Формула 1 ги објавија термините за почеток на секоја од 23-те трки и шест спринтови, кои ќе бидат дел од календарот за 2023 година.

Сезоната ќе започне на 5 март во Бахреин, а трката во Кралството започнува во 16:00 часот по македонско време. Две недели подоцна (19 март) ќе се одржи трката за Големата награда на Саудиска Арабија.

Стартот на патеката во Џеда е закажан за 18:00 часот. И двете трки ќе се возат под рефлектори.Третиот викенд е закажан за во Австралија, на патеката „Алберт Парк“. За да го гледате стартот на трката, ќе треба да бидете будни веќе во 07:00 часот наутро.

Време на старт (македонско време) на сите трки во Формула 1 во 2023 година:
1. Гран при Бахреин (5 март) – 16:00 часот
2. Гран при Саудиска Арабија (19 март) – 18:00 часот
3. Гран при Австралија (2 април) – 07:00 часот
4. Гран при Азербејџан (30 април) – 13:00 часот (спринт во 14:30 часот)
5. Гран при Мајами (7 мај) – 21:30 часот
6. Гран при Емилија-Ромања (21 мај) – 15:00 часот
7. Гран при Монако (28 мај) – 15:00 часот
8. Гран при Шпанија (4 јуни) – 15:00 часот
9. Гран при Канада (18 јуни) – 20:00 часот
10. Гран при Австрија (2 јули) – 15:00 часот (спринт во 16.30 часот)
11. Гран при Велика Британија (9 јули) – 16:00 часот
12. Гран при Унгарија (23 јули) – 15:00 часот
13. Гран при Белгија (30 јули) – 15.00 часот (спринт во 16.30 часот)
14. Гран при Холандија (27 август) – 15:00 часот
15. Гран при Италија (3 септември) – 15:00 часот
16. Гран при Сингапур (17 септември) – 14:00 часот
17. Гран при Јапонија (24 септември) – 07:00 часот
18. Гран при Катар (8 октомври) – 16:00 часот (спринт во 16:30 часот)
19. Гран при САД (22 октомври) – 21:00 часот (спринт во 00:00 часот)
20. Гран при Мексико (29 октомври) – 21:00 часот
21. Гран при Сао Паоло (5 ноември) – 18:00 часот (спринт во 19:30 часот)
22. Гран при Лас Вегас (19 ноември) – 07:00 часот
23. Гран при Абу Даби (26 ноември) – 14:00  часот