четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Фото: Грозен и морбиден графит наменет за Ѓоковиќ се појави во Сплит

Ова се случува во родниот град на тренерот на Новак.
Фото: Грозен и морбиден графит наменет за Ѓоковиќ се појави во Сплит

Во центарот на хрватскиот град Сплит се појави морбиден графит испишан на една фасада од зграда, во кој на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му се посакува да умре од корона-вирус.

„Да умреш од неа, тоа ни е желба. Поздрав од Сплит, да даде Бог да цркнеш. Ѓоковиќ умри“, пишува на грозоморниот графит.

За потсетување Ѓоковиќ деновиве се наоѓа на мета на напади кои стигнуваат од сите страни на светот. Тој поради организацијата на Адриа тур во Белград и Задар стана на мета на критики од страна на негови колеги, медиуми, јавни личности, аналитичари итн.

Интересен е фактот што графитот се појави ден подоцна откако Дино Раџа, добро познатиот кошаркар од Сплит, застана во одбрана на Новак. Со одличен текст му даде подршка на тенисерот, кој во вторникот објави дека е позитивен на коронавирус.