петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ФОТО: Кинез истрчал маратон за три и пол часа, притоа пушејќи цело време

ФОТО: Кинез истрчал маратон за три и пол часа, притоа пушејќи цело време

Тркачот познат по прекарот „Вујко Чен“ дошол до светските насловни страни, откако во Кина истрчал маратон за три часа и 28 минути, додека испушил кутија цигари.

Минатата недела, фотографиите од Чен кој пуши станале вирални на популарната кинеска социјална мрежа „Weibo“, а потоа организаторите на маратонот го прославиле неговото достигнување, така што му предале сертификат за успешно завршен маратон.

Чен завршил на 574 место од речиси 1.500 тркачи, со време од 3:28:45, пишува „Running magazine“.

Ова не било прв пат 50-годишниот тркач од Гуангџу да биде фотографиран како пуши во тек на маратон – фотографии на кои Чен трча со цигара се појавила и на маратонот во Гуангџу во 2018-та година и на маратонот во Сјанмен во 2019-та. Според кинеските медиуми, Чен очигледно пуши само кога трча. Тој исто така е и полумаратонец.

Многумина на мрежите се фрустрирани што на Чен му било дозволено да пушти во текот на трката.

„Ваквото однесување треба да биде забрането“, „Жал ми е тркачите околу него“, гласат некои од коментарите.