Младиот Филип Додевски, со освоениот бронзен медал на официјалното Европското првенство до 21 година во олимписко таеквондо, се врати дома.
По враќањето од Шведска, Додевски имаше топол и искрен пречек во салата во која е присутен секој ден од својата осма година.
На првенството Додевски во категоријата до 87 килограми освои две победи над Германија и Хрватска.
Она што, меѓу другото, го забележа неговиот настап против Хрватот, е повредата во последните секунди од борбата. И покрај истата, тој се бореше до крај што резултираше со победа.