четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ФОТО: Објавени слики од исчезната тенисерка, но никој не верува дека се вистински поради тоа што го прави на нив

ФОТО: Објавени слики од исчезната тенисерка, но никој не верува дека се вистински поради тоа што го прави на нив

Ситуацијата со кинеската тенисерка Шуаи Пенг уште не е решена, иако од Кина пристигнаа фотографии за тоа дека таа во моментов е на безбедно место, откако претходно беше исчезната и никој не можеше да ја контактира.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од тенисерката, која наводно е во нејзиниот дом и се чувствува безбедно, но не одговарала на повиците затоа што не сакала никој да ја вознемирува.

„Таа наскоро ќе се појави во јавност и ќе учествува во некои активности“, пишува еден кинески новинар за состојбата на тенисерката.

Ова се првите фотографии од тенисерката откако загриженоста на светската јавност почна да расте, но сепак многумина се сомневаат дека тие се вистински.

Поранешната тенисерка го обвини поранешниот заменик премиер на Кина, Гаоли Жанг дека ја силувал во неговиот дом.