Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе вели дека е подготвен за новата трка која го очекува.
По проблемите со автомобилот откако имаше излетување на патеката, вредниот тим на Иџе го среди возилото и тој е подготвен за новиот предизвик.
-Повторно во игра, порача Стефановски на Фејсбук кој утре ќе настапи на трката во Чешка.
Еве како се работеше на автомобилот на Иџе за тој да биде подготвен за следната трка.
Му посакуваме среќа на утрешната трка и највисокото место на пиедесталот.