Австралискиот град Бризбејн ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2032 година, објави Меѓународниот олимписки комитет.
Бризбејн ќе направи се игрите да бидат перфектно организирани, овој ден за Австралија е многу важен, изјави Џон Коутс, претседателот на Олимпискиот комитет на Австралија.
„Ова е многу важен ден за Австралија и сите нејзини жители. Му благодарам на ИОК на укажаната довербат. Игрите ќе бидат во вредни, благодарни и ентузијастички раце. Им гарантирам на сите спортисти од целиот свет дека тоа за нив ќе биде незаборавно искуство“ – порача претседателот на Олимпискиот комитет на Австралија, Џон Коутс.
BRISBANE 2032 ELECTED AS HOST OF THE GAMES OF THE XXXV OLYMPIAD!
CONGRATULATIONS! pic.twitter.com/h66C9pHxcG
— IOC MEDIA (@iocmedia) July 21, 2021
Досега во Австралија се одржаа игрите во Мелбурн 1956 година и во Сиднеј 2000 година.