сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Фриц го освои трофејот на турнирот во Индијан Велс

Фриц го освои трофејот на турнирот во Индијан Велс

Американскиот тенисер Тејлор Фриц ноќеска го победи Шпанецот Рафаел Надал со 6:3, 7:6 (7:5) во финалето на турнирот во Индијан Велс. Мечот траеше 2 часа и 5 минути.

Американецот направи еден ас сервис и три двојни грешки, а реализираше и четири брејк топки од девет. Шпанецот има два аса и три грешки на вториот сервис, како и две реализирани брејк топки од десет шанси.

Дваесетгодишниот Фриц ја освои втората титула во кариерата. Претходно во 2019 година стана победник на турнирот во Истбурн.

Турнирот во Индијан Велс (САД) се играше за награден фонд 8,5 милиони долари.