среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Фриц го победи Надал на стартот на завршниот АТП турнир во Торино

Фриц го победи Надал на стартот на завршниот АТП турнир во Торино

Американецот Тејлор Фриц својот квалитет го покажа тоа уште во првото коло во зелената група на завршниот турнир во Торино, совладувајќи го Рафаел Надал со 2:0 во сетови.

Во првиот сет Фриц го издржа психолошкиот притисок, одлично сервираше, а во тај-брејкот беше подобар од Шпанецот со 7:3.

Ваквиот епилог го направи уште посигурен, па во вториот сет два пати направи брејк и стигна до победа со резултат 7:6/6:1 за 100 минути на теренот во Торино.

Во истата група, Руд исто така со 2:0 го совлада Ожер-Алиасим.