Чилеанскиот тенисер Кристијан Гарин изненадувачки го совлада Каспер Руд на АТП Мастерсот што се игра во Индијан Велс, Сад. Руд е четврти на АТП листата и беше трет носител на овој престижен турнир.
Гарин е 97. тенисер во Светот и успеа да го мине големиот фаворит за точно два часа активна игра и славеше со 2-0 во сетови (6-4 и 7-6/2).
Каспер Руд продолжува да игра во лоша форма годинава, а Чилеанецот Гарин сигурно ќе добие нови поени по турнирот, по што ќе забележи скок на АТП листата.