Германија нема да организира трка од календарот на Формула 1 во 2019 година. Ова го најавија сопствениците на пистата „Хокенхајм“.
Причината за одлуката е несогласување меѓу сопствениците и шефовите на Формула 1 за финансиските параметри на договорот за одржување натпреварување.
Во 2015 и 2017 година, во Германија повторно не се одржуваа трки поради финансиски несогласувања. Овогодинешната трката за Големата награда на Германија ќе се одржи на 22 јули.
Местото на трката во Германија во календарот следната година ќе го преземе Мајами со второ натпреварување во САД.