сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Гирмај со историска етапна победа на Џиро Диталија

Гирмај со историска етапна победа на Џиро Диталија

Бинијам Гирмај од Еритреја е победник на 10. етапа на Џиро Диталија влегувајќи во историјата како прв црн Африканец што победил на една етапа на трите големи велосипедски трки (Џиро, Тур де Франс и Вуелта Еспања.

22-годишниот Гирмај го совлада холандскиот ас Матју ван дер Пел за славна победа. Иако повеќекратниот шампион од Тур де Франс, Крис Фрум, е роден во Кенија, а Дарил Импи од Јужна Африка, има етапни победи, Гирмај е првиот црн Африканец со победа.

Ова не е првпат велосипедистот на Интермарш да влезе во историјата – во март тој стана првиот Африканец со победа на класична трка на Гент-Вевелгем, тогаш на само 21 година.