петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ до 300-та победа на Гренд Слем победа

Ѓоковиќ до 300-та победа на Гренд Слем победа

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја надмина повредата од мечот со Тејлор Фриц и успеа да обезбеди четвртфинале на Австралија Опен, откако во осминафиналето славеше над Канаѓанецот Милош Раониќ со 3-1, по сетови 7-6, 4-6, 6-1 и 6-4.

Во првите два сета видовме вистинска борба во која двајцата тенисери си поделија по еден сет, но во последните два се се движеше во една насока за нов триумф на првиот рекет на светот.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Германецот, Александар Зверев кој со максимални 3-0 беше подобар од Душан Лајовиќ.