Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ со пораз во четвртфиналето го заврши учеството на АТП турнирот во Дубаи.
Ѓоковиќ загуби од 123-тиот на АТП листата, Јиржи Весели од Чешка. Резултатот беше 2:0 во сетови (6:4, 7:6).
Поразот во четвртфиналето на турнирот во Дубаи значи дека Ѓоковиќ ќе го загуби првото место на АТП листата.
Од понеделник на таа позиција ќе биде русинот Данил Медведев.