вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ ги моли навивачите да не ја навредуваат судијката

Ѓоковиќ ги моли навивачите да не ја навредуваат судијката

Новак Ѓоковиќ повторно се огласи преку социјалните мрежи откако претходно на идентичен начин се извини за ненамерното удирање со топчето на линиската судијка Лаура Кларк.

Најдобриот тенисер на светот е дисквалификуван од УС Опен бидејќи со топчето удри линиска судијка во пределот на вратот.

Ѓоковиќ веднаш се извини за потегот, притрча да види дали е се во ред судијката Лаура Кларк, но организаторот немаше друг избор и го дисквалификува од турнирот.

Потоа Ѓоковиќ не присуствуваше на прес конференцијата туку веднаш замина за Европа и се огласи преку социјалните мрежи притоа извинувајќи се на судијката.

Неговите навивачи веднаш започнаа хајка против Лаура Кларк на социјалните мрежи и брутално ја навредуваа бидејќи според нив таа одглумила и дека ударот не бил толку опасен за нејзиното здравје.

Поради тоа Ѓоковиќ уште еднаш се огласи и тоа преку Твитер и побара да запрат навредите кон судијката:
-Драги навивачи, ви благодарам на сите позитивни пораки. Ве молам, запомнете дека на линиската судија која беше погодена исто така и е потребна наша поддршка. Не направи ништо лошо. Ве молам да ја поддржите, порача Ѓоковиќ.